Top Sport

Пјаниќ во „конфликт“ со Сари на тренинг на Јуве

Италијанскиот весник „Ла стампа“ тврди дека имало конфликот меѓу тренерот на Јувентус, Маурицио Сари и Миралем Пјаниќ на тренинг во саботата, по што репрезентативецот на Босна и Херцеговина нема да биде во составот за дуелот со Болоња во понеделник.

Според весникот, Сари планирал да го стави Пјаниќ на клупата и во финалето на Копа Италија против Наполи, за да игра Родриго Бентанкур, меѓутоа планот „пропаднал“ поради повредата на Сами Кедира. Сега, страстите зовреле на тренинг, и Пјаниќ, кој беше поврзуван со замена со Артуро Мело во Барселона, ќе го загуби местото во тимот на Сари.

„Ла стампа“ тврди дека Сари е под огромен притисок да ја освои италијанската титула и да оди „далеку“ во Лигата на шампионите, откако загубија во финалињата на Суперкупот и Купот на Италија. Тие додаваат дека Кристијано Роналдо е посебно исфрустриран од ситуацијата, бидејќи не е задоволен од тоа што Сари повремено го става во улога на централен напаѓач во отсуство на повредениот Гонзало Игуаин.

Scroll to Top