Маурицио Сари ќе го предводи Лацио од следната сезона, објавија челниците на тимот од Рим.
Тој ќе го замени Марко Барони на клупата. Интересно е што последниот ангажман на Сари беше во Лацио. Тој поднесе оставка во март 2024 година.
Покрај Лацио, тој ги водеше и Наполи, Јувентус и Челзи. Сари потпиша договор со Лацио до 2027 година, а неговата годишна плата ќе биде 2,8 милиони евра.
Италијанските медиуми истакнуваат дека Сари ја прифатил понудата откако добил гаранции дека ќе го има главниот збор во врска со трансферот во наредниот период.
Лацио ја заврши сезоната во Серија А на седмото место и нема да игра во Европа следната сезона.