Top Sport

Сари се враќа на клупата на Јувентус

Маурицио Сари ќе го има своето деби како тренер на Јувентус во Серија А против Фиорентина во сабота, откако од клубот потврдија дека тренерот, кој отсуствуваше поради пневмонија, ќе оддржи прес конференција утре.

Сари ги пропушти двата меча, а на негово место беше неговиот помошник, Џовани Мартушело, кој исто така имаше обврска да се појави и на прес-конференциите. Сега, од тимот потврдија дека Сари ќе одговара на прашањата пред гостувањето на „Артемио Франки“ овој викенд.

Поранешниот тренер на Челси и Наполи веќе седеше на клупата на Јувентус, но само за пријателските мечеви пред стартот на сезоната.

Scroll to Top