Победничкиот старт на клупата на Челси на Маурицио Сари заврши со „катастрофата“ како што самиот го опиша поразот од 3:1 од Тотенхем во саботата. Италијанскиот стручњак призна дека „никој не му се допаѓал“ од неговиот тим, велејќи дека се работи за многу лоша партија.
Гостите не можеа да ја „држат“ топката на „Вембли“ против Тотенхем, и според многумина ова е првиот знак дека Челси не се сериозни конкуренти на Манчестер сити за титулата.
„По пет минути, беше многу јасно. Губевме многу топки и опасно е да правиш такво нешто против Тотенхем, бидејќи тие се најопасни во Европа по контранападите. На крајот беше катастрофа. Разочаран сум бидејќи игравме многу лошо во секоја смисла, ментално, физички, технички и тактички. Денеска не ми се допаѓаше никој“, признава Сари.
Тој додава дека битката на средината на теренот ја доби Тотенхем и немаше изговори.
„Беше јасно по пет минути дека не можеме да го користиме Жоржињо како обично. Бевме изненадени бидејќи нормално играат 4-2-3-1, а сега играа 4-3-1-2“, анализира Сари.
Фото: ЕПА