Top Sport

Сари во преговори со Тотенхем и Арсенал

Поранешниот тренер на Наполи, , Челси и Јувентус, Маурицио Сари (62), повторно ќе работи во Премиер лигата. Интерес за Сари покажале големите ривали на Челси, Арсенал и Тотенхем.

Италијанските медиуми тврдат, дека Тотенхем го контактирале искусниот тренер, откако му го врачиле отказот на Жозе Мурињо. Во трката по потписот на Сари се вклучил и Арсенал, бидејќи се очекува Микел Артета, по завршувањето на сезоната, да биде отпуштен од работното место.

Сари, во јули 2019 година потпиша три годишен договор со Јувентус. На крајот од сезоната ја освои титулата во Серија А, но отстапи од функцијата бидејќи испадна од Лион, во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Бидејќи одби спогодбен раскин на договорот, Сари е под договор со Јувентус до јуни 2022 година. Доколку во меѓувреме не најде нова работа, клубот ќе треба да му исплати уште шест милиони евра.

Scroll to Top