Top Sport

„Саризмо“ влезе во италијанската енцкилопедија (видео)

Маурицио Сари само што си замина од Италија, неговиот стил на фудбал „саризмо“ влезе во официјалниот италијански речник – „Италијанската трекани енциклопедија“.

Терминот „саризмо“ влезе во секторот на неологизми (нови кованици), откако поранешниот тренер на Наполи го промовираше својот специфичен стил на игра со напаѓачки фудбал. Овој стил ги импресионираше и англиските фанови по неговиот трансфер во Челси, иако таму има поинакви изрази за да се опише тоа, како „сари-гол“.

Специфичната тактика на Сари вклучува постојан пресинг, бекови кои честопати одат напред, доминација во поседот на топката, и играње со еден допир со голем број на додавања. Францускиот весник „Л’Екип“ го опиша ова како „вертикална тики-така“ и еволуција на играта на Пеп Гвардиола и на шпанската репрезентација, но со поактивен напаѓачки стил.

Scroll to Top