Top Sport

Нема поддршка за Серена од американскиот Дејвис куп тим

Американскиот Дејвис куп тим ќе може да се увери во судиските способности на Карлос Рамос, судијата кој ја казни Серена Вилијамс за избувнувањето во текот на финалето на САД опен, но тие немаа зборови за поддршка за својата сонародничка, која тврдеше дека е жртва на „сексизам“.

Стив Џонсон, Мајк Брајан и Рајан Херисон, членовите на Дејвис куп тимот кој гостува во Задар кај Хрватска во четврт-финалето, не сакаа да влегуваат во дискусија, но тука беше капитенот Џим Куриер.

„Ситуацијата стана поларизирана и на некој начин исполитизирана. Не се сомневам дека Карлос само ги почитуваше правилата според негово убедување“, изјави Куриер.

Џонсон се согласува.

„Видете, не сакам ова да излезе погрешно, но тој ги следеше правилата кои постојат со години. Тоа е дел од спортот“, вели Џонсон.

Претседателот на Американската тениска асоцијација (УСТА), Катрина Адамс беше забележана како му се извинува на судијата Рамос во текот на ждрепката.

Фото: ЕПА

Scroll to Top