Top Sport

Сасуоло е непремостлива пречка за Интер, Парма пропушти повратничка победа (видео)

„Нераѕурите“ ветуваа дека во новата сезона ќе бидат главни конкуренти на Јувентус за титулата во Италија, но ако се суди по првиот меч ги чека многу работа.

Интер беше совладан на незгодното гостување кај Сасуоло со гол од пенал на Доменико Берарди, по што не успеаја да ја пробијат одбраната на домаќините. Инаку ова е четврт меч во низа во кој Сасуоло успева да го победи Интер (2:1, 1:0, 1:0).

Парма пак, имаше 2:0 водство против Удинезе во својот прв меч во Серија А по огромна пауза, но на крајот се задоволија со поен откако примија два гола за само пет минути во второто полувреме.

СЕРИЈА А, 1.КОЛО

Болоња – СПАЛ 0:1

Емполи – Каљари 2:0

Парма – Удинезе 2:2

Сасуоло – Интер 1:0

САСУОЛО-ИНТЕР

ПАРМА-УДИНЕЗЕ




БОЛОЊА-СПАЛ

ЕМПОЛИ-КАЉАРИ

Scroll to Top