Top Sport

Велкоски утна пенал, даде гол и доби црвен картон, Сараево го „урна“ шампионот (видео)

Сараево стигна до импресивна 4:2 победа над актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, Зрињски од Мостар во меч полн со голови, со утнати пенали и со црвени картони.

Капитенот на „бордо“ тимот, Македонецот Крсте Велкоски може да се пофали дека беше еден од клучните фудбалери – тој прво утна пенал, потоа даде гол за водство од 2:0, за на крајот во 77. минута да го добие вториот жолт картон и да биде исфрлен од игра.

Мерсудин Ахметовиќ постигна хет-трик за Сараево, кои по победата се на третото место во Премиер лигата на БиХ со 11 поени, два помалку од лидерите Железничар. Зрињски, кои го вратија на клупата Блаж Слишковиќ, нема најдобар старт на шампионатот и се наоѓа на осмото место со шест поени и две победи во пет кола.

Scroll to Top