Top Sport

Сасуоло го „урна“ Јувентус, Фаџоли заврши во солзи на клупата

Јувентус доживеа втор пораз едноподруго во Серија А, откако по поразот во дербито со Лацио, загуби со 1:0 на гостувањето кај Сасуоло.

Клучниот момент се случи во 64. минута од мечот, кога по еден корнер на домаќините, Николо Фаџоли направи грешка додавајќи му ја топката на Грегоар Дефрел, кому не му беше тешко да го совлада Матија Перин, кој го заменуваше Војчех Шчесни на голот на Јувентус. Фаџоли три минути подоцна беше заменет од тренерот Масимилијано Алегри, и не можеше да ги сокрие емоциите на клупата, завршувајќи во солзи.

Јуве, по 15-те одземени поени, останува на седмото место на табелата со 44 поени, четири помалку од Аталанта, додека Сасуоло сега се десетти со 40 поени.

Scroll to Top