Top Sport

Сасуоло ја шокираше Рома на „Олимпико“

Рома претрпе многу голем удар во трката за пласман во Лигата на шампионите откако загуби од Сасуоло со 3:4 на „Олимпико“. Тимот на Жозе Мурињо остана на 47 бода, колку што има и чевртопласираниот Милан.

Арманд Лориен во 13. и во 18.минута го најави шокот за Рома со два гола. Залевски намали на 1:2, но Кумбула доби црвен картон пред крајот на првиот дел и Рома остана со фудбалер помалку. Доменико Берарди постигна трет гол од пенал.

Дибала стрелаше на почетокот на вториот дел, но Пинамонти во 75.минута повторно донесе два гола предност за Сасуоло. Во судиското продолжение Џорџинио Вајналдум го постави конечниот епилог.

Scroll to Top