„Сауди медија груп“ не ја помина „прелиминарната“ фаза и нема да стане сопственик на европскиот шампион Челси, објавија од инвестициската банка „Рајн групација“, која Роман Абрамович ја избра да ја контролира продажбата на премиерлигашот.
Приватниот конзорциум, чиј претседател, Мохамед Ал-Хереиџи е страствен навивач на „сините“, не доби објаснување зошто испаѓа од трката за Челси. „Сауди медија“ веќе се вклучени во фудбалот преку клубот Ал-Наср и беа подготвени да вложат веднаш 200 милиони фунти.
Според британските медиуми сега фаворити за преземање на клубот се конзорциуумот на Тод Бели, семејството Рикетс и заедничката понуда на Сер Мајкл Бротон и Себастијан Коу.