Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ), газдите на Њукасл јунајтед можат да се решат да се „ослободат“ од овој клуб за да го купат Манчестер јунајтед, тврди „Атлетик“.
Американските газди на „ѓаволите“, семејството Глејзер минатиот месец објавија дека бараат „нови инвестиции“ во клубот, со опција за купување на дел или на целиот клуб, ангажирајќи ја „Рејн групацијата“ да го предводи процесот. Досега, имаше многу заинтересирани страни, американски инвестициски банки, како и најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф, но најголем интерес е предизвикан во Саудиска Арабија, каде што министерот за спорт, Принцот Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал изјави дека има „голем интерес“ во неговата земја за Манчестер јунајтед, но и за Ливерпул, кои исто така се на пазарот.
ПИФ, пак, плати 305 милиони фунти за 80 отсто од Њукасл јунајтед, и инвестициите засега се исплатеа – тие се на третото место на табелата со само еден пораз во првите 15 меча од сезоната. Сепак, Сајмон Чедвик, професорот за сспорт и геоплитичка економија на СКЕМА бизнис-школата вели дека е многу веројатно дека тие се подготвени да кренат раце од Њукасл. Причината е Манчестер јунајтед, клуб кој се обидоа да го купат и во 2019 година.
„Мислам дека кај лидерите на Саудиска Арабија постои разочарување што го имаат Њукасл, кога можат да го купат Манчестер јунајтед. Интересот за Манчестер јунајтед никогаш не стивна во таа земја и мислам дека е целосно можно да го продадат Њукасл за да го купат другиот Јунајтед“, вели Чедвик за „Атлетик“.
Saudi Arabia’s sports minister publicly approved a person from the country buying #MUFC or #LFC.
▪️ Why was that important?
▪️ How does private investment work in the country?
▪️ Could a private Saudi investor actually buy a big club?— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) December 5, 2022