Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо (21), ја одби понудата од саудискиот клуб Ал Наср, за кој играат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ, објавија британските медиуми.
Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не смета на Аргентинецот, и покрај тоа што минатата сезона постигна 11 голови и оствари 10 асистенции. Гарначо преферира да остане во Европа, а засега најголем интерес за него покажал италијанскиот шампион Наполи, кој се обиде да го доведе уште во зимскиот преоден рок.
Тогаш Наполи понудил 45 милиони евра обештетување, но Јунајтед ја одбил понудата. Италијанскиот клуб и понатаму сака да го види во своите редови, но останува нејасно дали е подготвен да плати 57 милиони евра, колку што бара Јунајтед. Гарначо замина од Атлетико Мадрид во академијата на Манчестер Јунајтед на 16-годишна возраст, а во првиот тим на „Црвените ѓаволи“ влезе во летото 2022. Неговиот актуелен договор со Јунајтед истекува за три години.