Top Sport

Саудијците продолжуваат да го „спасуваат“ Челси – Менди замина во Ал-Ахли

Сенегалскиот голман на Челси, Едуар Менди, си заминува од клубот по три години, приклучувајќи се на саудискиот Ал-Ахли. 31-годишниот Менди е последен во низата на фудбалери на Челси кои се купени од саудиски клубови по трансферите на Калиду Кулибали и Н’Голо Канте, како и најавата за продажба на Хаким Зијеш, ситуација која предизвика многу контроверзи во Англија.

Менди ја освои Лигата на шампиони со Челси во 2020/21, по што беше прогласен за најдобр голман на сезоната од УЕФА и ФИФА во 2021 година. Менди пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од францускиот Рен во 2020 и беше дел од сенегалската репрезентација која го освои Африканскиот куп на нации во 2020. Минатата сезона, тој беше замена за првиот голман Кепа Аризабалага, ситуација која ќе продолжеше и под новиот менаџер, Маурисио Почетино.

Трансферите од Челси во Саудиска Арабија предизвикаа дискусија во Англија, посебно бидејќи Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ) е инвеститор во „Клирлејк капитал“, компанијата на сопственикот на Челси, Тод Бели. ПИФ, инаку државна компанија, неодамна ги купи четирите најсилни клубови во Саудиска Арабија, откако претходно стана сопственик на премиерлигашот Њукасл.

Scroll to Top