Top Sport

Саудиска Арабија бара едно место во ЛШ на УЕФА

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија активно преговара со УЕФА за да им дозволи на тимовите од земјата да учествуваат во Лигата на шампионите почнувајќи од 2025 година, пишува „Калчо е финанца“.

Според нивните сознанија, идејата на арапската федерација е да им дозволи на екипите од Саудиска Арабија да учествуваат во „вајлд-картата“, каде тимовите ќе можат да добијат право за настап во новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе биде целосно изменет од 2025 година.

Бројот на екипи во најсилното европско клупско натпреварување ќе се зголеми на 36.

Планот на Саудијците е едно од дополнителните места да му припадне на шампионот на Саудиска Арабија. Ова ќе им даде уште поголема меѓународна афирмација на клубовите како Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал, како и можност рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите клубови од „Стариот континент“.

Но, оваа идеја не е нималку лесна за имплементација, бидејќи не само УЕФА, туку и Азиската конфедерација ќе треба да се вклучи во процесот, а меѓу другото ќе треба да им се одземе европските клубови.

Така, и покрај масовната преселба на светските ѕвезди летово во Саудиска Арабија, многу од нив би можеле да се вратат на европските стадиони. За арапскиот фудбал тоа би бил уште еден голем чекор кон целосна афирмација на светската сцена.

Scroll to Top