Манчестер јунајтед ќе „примат“ еден од најефикасните стрелци на светот, напаѓачот на Ал-Ахли, 31-годишниот Мохамед Ал-Сахлави во својот тим, но не се заинтересирани да потпишат со него.
Саудискиот напаѓач, кој има неверојатни 26 гола во само 33 меча за националниот тим, ќе работи со Манчестер јунајтед три недели за да ја задржи физичката подготвеност пред Светското првенство во Русија, бидејќи саудиската лига завршува следниот месец.
„Беше договорено Мохамед Ал-Сахлави да биде дел од тренинг-програмата на Манчестер јунајтед три недели. Бог нека му помогне. Ова е почеток на возбудливата програма за трансформирање на фудбалот во Саудиска Арабија“, изјави Турки Ал-Шеик, министерот на спорт на Саудиска Арабија.