Top Sport

Саудиските инвеститори ја разгледуваат можноста да го купат Интер

Саудиски инвестициски фонд ги „чешла“ финансиските извештаи на Интер по нивната понуда да го купат клубот, тврди италијанскиот весник „Тутоспорт“, кои додаваат дека тие се подготвени да платат 1.3 милијарди евра, сума за која кинеските газди „Сунинг“ се подготвени да го продадат.

Развојот на настаните доаѓа во време кога Интер е во одлична форма со серија победи и со преговори за изградба на нов стадион во Роцано. Преговорит ги води „Рејн групацијата“ од САД, која помогна Тод Бели да го купи Челси од Роман Абрамович минатата година.

Во последните 18 месеци повеќе заинтересирани инвеститори преговараа со претседателот на Интер, Стивен Жанг, кој на крајот се реши да го задржи клубот и покрај долговите. Интер до мај 2024 треба да плати 275 милиони евра на „Оуктри“, пари кои ги земаа за да се надмине кризата по пандемијата на корнавирусот.

Scroll to Top