„Црвените ѓаволи“ се чини на големо се подготвуваат за „живот“ по Пол Погба.
Со доаѓањето на „Олд Трафорд“, Португалецот Бруно Фернандеш се чини ја радрма екипата, а наредната сезона најверојатно ќе добие партнер во средината на теренот.
Англиските, но и шпанските медиуми пишуваат дека во Јунајтед се убедени во трансферот на Саул Нигез од Атлетико Мадрид.
Херојот на „јорганџиите“ подолг период е мета на „ѓаволите“, а летоска најверојатно ќе дојде до најавуваниот трансфер.
Шпанецот има договор со Атлетико до 2026 година со клаузула од 150 милиони евра кои во Јунајтед се подготвени да ги исплатат.