Top Sport

Алфонсо Рејес: Мозокот ми беше со 1.000 вртежи, 16 дена се борев со короната

Поранешниот шпански кошаркарски репрезентативец, Алфонсо Рејес, постариот брат на актуелниот играч на Реал Мадрид, Фелипе Рејес првпат се огласи за шпанските медиуми откако на средината на март беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот.

„Тој ѕверски мамурлук кој не ми даваше да спијам и да размислувам, ми го стави мозокот на 1.000 вртежи. Со денови немав никакви симптоми. Немам грозница, само малку кашлам, што е знак дека оздравувам. Потоа ќе морам уште 14 дена да сум во карантин за вирусот потполно да исчезне“ изјави 48-годишниот Рејес за „Марка“.

Тој беше еден од првите заразени во Шпанија.

„Кога е во прашање здравјето, ова ме исплаши. Не се сеќавам дека некогаш сум бил настинат. Пред 2 години имав грозница, но тоа траеше само еден ден. Сега сум подобар, но 16 дена бев болен, од кои 12 со температура, што никогаш досега не сум имал. Имав и проблеми со грбот, но знаев дека ќе се опоравам. Ова не е обичен вирус и не ги напаѓа само постарите. Ако мене ме покоси, што сум во добра физичка кондиција, замислете што може да му направи на некој кој од претходно си има проблеми“ – смета Рејес.

Шпанија е една од најзагрозените земји од коронавирусот, заразени се над 90.000 луѓе, а досега починаа околу 8.000.

Scroll to Top