Top Sport

Саул, Вернер и Лукаку со голови, Челси „преживеа“ кај второлигашот Лутон

Лутон таун двапати водеше против европскиот и светски шампион, Челси, но не успеа да направи сензација и да ги исфрли „сините“ од осмиафиналето на ФА купот, на крајот губејќи со 2:3, откако за тимот на Томас Тухел постигнаа голови тројца фудбалери кои се мачат оваа сезона – Саул Нигез, Тимо Вернер и Ромелу Лукаку.

Лутон уште во втората минута дојде до водство преку Рис Бурк, но Саул со својот прв гол за Челси во 27. минута успеа да израмни. Второлигашот повторно изненади во 44. минута преку Хери Корник за да се отиде на пауза со 2:1 водство.

Вернер во 68. минута повторно израмни, пред Лукаку десет минути подоцна да обезбеди четврт-финале за Челси неколку часа откако газдата Роман Абрамович потврди дека го става клубот на продажба.

Scroll to Top