Фудбалерите на Атлетико Мадрид во Севилја го победија Бетис со 1:0 во рамките на 15.коло во Ла Лига. Атлетико со оваа победа постави клупски рекорд, тимот на Чоло Симеоне нема пораз на последните 19 натпревари во првенството. Оваа сезона Атлетико има девет победи и шест порази.
Единствениот гол кој го реши победникот на „Бенито Виљамарин“ беше Саул Нигез во 29.минута.
Саул до својот втор гол сезонава во шпанскиот шампионат дојде по асистенцијата на Шиме Врсаљко, која ја запиша првата асистенција за Атлетико во Ла Лига.
Атлетико мечот го доби на искуство иако Бетис доминираше во поседот на топка. Покрај голот на Саул, за обележување е и одбраната на Јан Облак по ударот на Кристијан Тељо.
Бетис ја продолжи лошата серија против Атлетико, бидејќи последен пат славел против „јорганџиите“ на 18.декември 2011 година, кога победи во Мадрид, додека како домаќин против „црвени-белите“ наме победа од 14.јануари 2006 година.
Атлетико по 15.кола во Ла Лига има 33 бода и се наоѓа на третото место, додека Бетис е на 11.позиција со 18 бода.