Top Sport

Саутемптон ги „прегази“ отпишаните Шефилд јунајтед и скокна на третото место

Саутемптон на Ралф Хазенхитл продолжува со победите во Премиер лигата, триумфирајќи лесно со 3:0 над последнопласираните Шефилд јунајтед за да се искачат на третото место во Премиер лигата со само еден поен зад лидерите Тотенхем и Ливерпул.

Че Адамс во 34. минута го начна тимот кој има освоено само еден поен во 12 меча оваа сезона, пред во второто полувреме, Стјуарт Армстронг (62.) и Нејтан Редмонд (83.) да ја потврдат победата на „светците“, нивна седма во 12 кола оваа сезона.

Шефилд, откако минатата сезона беа сензација и се бореа за место во Европа, остануваат заковани на дното на лигата со 1 поен, зад ВБА и Барнли (по 6 поени).

Scroll to Top