Саутемптон на Ралф Хазенхитл и покрај падот на формата во Премиер лигата, се пласираше во четврт-финалето на ФА купот победувајќи ги на „Молињу“ Вулверхемптон со 0:2.
Дени Ингс, напаѓачот кој е мета на повеќе големи премиерлигаши, ги донесе „светците“ во водство во 49. минута, пред Стјуарт Армстронг во 90-тата да го потврди триумфот.
Ова беше прва победа за Саутемптон по три порази во низа во Премиер лигата, вклучувајќи го и катастрофалниот 9:0 пораз од Манчестер јунајтед.