Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е трансферна цел на англискиот премиерлигаш Саутемптон, открива шкотскиот медиум „Дејли Ехо“. Тој игра одлична сезона во дресот на Абердин и веќе постигна 15 гола на 27 натпревари откако пристигна од унгарскиот тим МТК.
Саутемптон интензивно ги следи настапите на Миовски, а скаутите на овој клуб дале позитивен извештај за Миовски по натпреварот меѓу Селтик и Абердин (4:0).
Миовски изминатиот викенд беше стрелец на победничкиот гол за Абердин на дуелот против Ливингстон.