Top Sport

Саутемптон со пресврт до првата домашна победа оваа сезона (видео)

Саутемптон со 2:1 го совладаа Ватфорд во дербито на дното во англиската Премиер лига за да во осмиот меч да ја забележат првата домашна лигашка победа. Пред мечот, Саутемптон беше претпоследен, а Ватфорд последен на табелата.

Исмаила Сар донесе водство за Ватфорд во 24. минута од мечот и во текот на првото полувреме изгледаше дека клубот од Лондон е поблиску до својата втора победа во ПЛ оваа сезона. Но, во последните десетина минути од мечот, „Светците“ направија целосен пресврт.

Дени Ингс во 78. минута беше најснаодлив во хаосот пред голот на гостите за да израмни, а во 83. минута, Џејмс Ворд-Прауз со фантастичен гол од слободен удар го комплетираше пресвртот.

Саутемптон сега има 12 поени на 18. место на табелата, два помалку од безбедната зона, додека Ватфорд се последни со само 8 поени и со многу голем предизвик доколку сакаат да останат во англиската елита.

Scroll to Top