Top Sport

Саутемптон влезе во серија, победа против „фенерџијата“ Норич

Саутемптон стигна до заслужена 2:0 победа над Норич за да се искачи на деветтото место на табелата во Премиерлигата по серијата од пет меча без пораз.

Шкотланѓанецот Че Адамс го постигна единствениот гол на мечот во 36. минута по мешаницата пред голот на гостите, а потоа иако Норич се покажаа како подобар противник од тоа што покажува последното место на табелата, „светците“ стигнаа до победата откако Ориол Ромеу во 87. минута со прекрасен удар го постави конечниот резултат.

Саутемптон се деветти со 35 поени, четири зад Тотенхем, додека Норич остануваат последни со 17 поени, големи пет поени од безбедната зона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top