Top Sport

Леванте подобар од Елче, надежта за опстанок останува

Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди трет меч едноподруго останаа непоразени, триумфирајќи со 3:0 над Елче за да ги зголемат шансите за чудесно останување во првата шпанска лига.

По победата над Атлетико Мадрид и ремито со Селта, тимот од Валенсија првпат сврза три натпревари без пораз оваа сезона, и иако останува последнопласиран во лигата, разликата до „безбедноста“ сега е големи, но достижни 6 поени.

Првиот гол на мечот го даде ветеранот и рекордерот по бројот на голови на Леванте во Ла лига (56), Хозе Моралес во 37. минута од мечот, совршено одбележувајќи го својот 300. настап за клубот. Победата ја осигура Хорхе Фрутос во 69. минута од мечот, а Енис Барди влезе во игра во 76. минута токму на местото на стрелецот на вториот гол. Гонзало Мелеро во 90. минута постигна уште еден гол за најубедлива победа на Леванте оваа сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top