Top Sport

Саутгејт два пати го убедил Вокер да не се пензионира

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, изјави дека двапати успеал да го убеди Кајл Вокер да не се повлекува од репрезентацијата. Првиот пат летото во 2021 година кога Англија го загуби од Италија финалето на Европското првенство, а вториот пат по поразот од Франција на Светското првенство од Франција.

Вокер, во саботата против Украина го одигра 77. натпревар за Англија и го постигна првиот гол за националниот тим. Во Вроцлав, Украина и Англија одиграа 1:1.

По натпреварот Саутгејт рече дека 33. годишниот дефанзивец клучен играч во неговиот тим.

„Двапати го бедив да не се повлекува од репрезентацијата. Мислам дека тој сака да биде тука. Тој е светска класа. Мислам дека не разбираше колку е важен за нас. Веројатно нема да ми се заблагодари што го споделив ова со вас“.

Саутгејт додаде дека Вокер, кој дебитираше во 2011 година, станал „зрел лидер“.

Scroll to Top