Top Sport

Саутгејт ги „отпиша“ Рашфорд и Санчо, но не и Мегваер

Напаѓачите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо не се во составот на англискиот селектор, Герет Саутгејт, додека прв повик за „Албионот“ доби дефанзивецот на Кристал палас, Марк Гехи

„Трите лава“ ќе играат пријателски мечеви со Швајцарија на 26 март и со Брегот на Слоновата Коска три дена подоцна.

И покрај тоа што капитенот на Јунајтед, Хери Мегваер повторно беше на ударот на критиките на јавноста, тој е повторно во тимот во отсуство на Бен Чилвел (Челси) и Киеран Трипиер (Њукасл) поради повреда. Рис Џејмс од Челси е вклучен во тимот иако неодамна се врати од повреда, но нема место за искусниот Кајл Вокер од Манчестер сити.

Scroll to Top