Top Sport

Роналдо ќе ги предводи Португалците во плејофот за пласман на СП во Катар

Фудбалската репрезентација на Португалија во речиси најсилен состав ќе настапи во плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар. На списокот на селекторот Фернандо Сантош се најдоа ѕвездите од Премиерлигата, предводени од капитенот Кристијано Роналдо. Тука се и Бруно Фернандеш, Бернардо Силва, Диого Жота, Рубен Невеш и останатите адути на португалскиот фудбал.

Португалија во полуфиналниот плеј-оф дуел ќе се сретне со Турција, а доколку победи, потоа ќе го очекува подобриот од натпреварот меѓу Италија и Македонија. Само крајниот победник ќе обезбеди виза за СП во Катар.

 

Scroll to Top