Top Sport

Саутгејт го предупреди Мегваер: Не може вака засекогаш

Селекторот на Англија Герет Саутгејт повика 25 фудбалери за натпреварите против Малта и Македонија, во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.

На списокот на Суатгејт го нема крилниот напаѓач Рахим Стерлинг, кој во последно време не е стадарден во Челси, но има место за Хари Мегваер кој речиси и да неигра во Манчестер јунајтед.

„Оваа ситуација не може да продолжи вечно. Истото важи и за Калвин Филипс (играчот на Манчестер Сити, кој започна еден натпревар во англискиот шампионат оваа сезона). Мегваер и Филипс се важни за нашата игра. Калвин е еден од ретките кои може да игра како централен играч во редот за врска“, објасни Саутгејт.

„Ситуацијата станува се позагрижувачка како одминува времето. Ги имаме Марко Гуехи, Луис Данк, Тајрон Мингс… Сите тие се играчи кои играат добро, иако немаат искуство од играње меѓународни натпревари. Но, мора да бараме конкуренција во одбраната“, изјави Саутгејт.

Во 2019 година, Мегваер се пресели од Лестер во Манчестер јунајтед за 87 милиони евра, што го прави сè уште најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Иако е капитен на клубот од Манчестер, тренерот Ерик Тен Хаг не го користеше континуирано оваа сезона, па забележа 30 настапи.

Често е критикуван од навивачите и медиумите, а „Дејли Мејл“, објави дека ќе го напушти клубот иако има договор до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

„Трансфермаркт“, го цени на 25 милиони евра. За англиската репрезентација има 55 настапи и седум гола.

На крајот на март на последниот репрезентативен собир ги одигра двата квалификациски натпревари за ЕП 2024. Настапи во стоперската двојка со Џон Стоунс во победите над Италија (1:2) и Украина (2:0).

Scroll to Top