Top Sport

Саутгејт: Играчите се уморни, жештината беше проблем

Англискиот селектор Герет Саутгејт признава дека на неговата репрезентација им недостасувал „баланс“ при 1:0 поразот од Унгарија, но одби да ги критикува фудбалерите, кои се уморни по долгата сезона.

Унгарците стигнаа до победа со голот од пенал на Доминик Собослаи во 66. минута, по што го сочуваа водството по анемичната игра на „трите лава“ во нападот.

„Најверојатно е потребен баланс со новите играчи во еден редовен тим, и морам да признаам дека не сум сигурен дека го направив тоа. Исто така мислам дека и жештината беше фактор, можевте да забележите дека фудбалерите се уморни и се обидов да го освежам тимот. Не сакам да бидам престрог, но од вакви натпревари се учи. Секако, разочарани сме од поразот, но мораме да се вратиме бргу“, изјави Саутгејт.

Англичаните веќе во вторник играат со Германија, за следниот викенд на „Вембли“ да ја пречекаат Италија во шанса за реванш за поразот во минатогодишното финале на ЕУРО 2020.

 

Scroll to Top