Top Sport

Зверев има скинато „неколку“ лигаменти во стапалото

Германскиот тенисер Александер Зверев преку својот Инстаграм профил откри дека има скинато „неколку“ лигаменти во своето десно стапало по несреќата која му се случи во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал.

Во петокот, Зверев во тај-брејкот од вториот сет, го превитка скочниот зглоб, по што го напушти теренот во количка, за потоа да се врати на теренот на патерици за да се обрати до публиката. Во саботата, тој откри дека по медицинските тестови во Франција има неколку скинати лигаменти во десното стапало и дека во понеделник се враќа во Германија за да може да се направи проценка на рехабилитацијата.

„Сакам да се заблагодарам на сите луѓе од целиот свет кои ми пратија пораки на поддршка од вчера. Вашите зборови ми знаеча многу во овој момент“, изјави Зверев.

Scroll to Top