Фудбалскиот сојуз на Англија наскоро ќе ги започне преговорите со селекторот Герет Саутгејт околу продолжување на неговиот договор, објавија медиумите во оваа земја.
Саутгејт ги импресионирал челниците со својата работа, бидејќи успеа со Англија да стигна до полу-финалето на СВетското првенство.
Тој има ума уште две години од актуелниот договор, меѓутоа Сојузот сака да го награди за постигнатиот резултат во Русија. Со новиот договор Саутгејт ќе добие и поголема плата, а најверојатно ќе важи до 2022 година и Мундијалот во Катар.
Извршниот директор на Сојузот, Мартин Грин, рекол дека сите во Фудбалскиот сојуз на Англија сметаат дека со Саутгејт имаат „незавршена работа“.