Герет Саутгејт, селектор на фудбалската репрезентација на Англија, не бега од фаворитската улгога во квалификациите за пласман на Европското првенство, но повикува на внимателност и максимална сериозност пред мечевите во јунискиот циклус. Во јуни, Англија ќе игра против Македонија и Малта. Во оваа група се натпреваруваат Италија односно Украина.
Герет Саутгејт одржа предавање на „Лаусунд скул“, каде 11 студенти глумеа новинари на прес-конференција со англискиот селектор. Некои од прашањата се однесуваа на предизвиците со кои Англија ќе се соочи за два месеци.
„Целта е да бидеме европски шампиони на следното ЕП во Германија. Доколку сакаме да го постигнеме тоа ќе треба да продолжиме да победуваме. Но нема да биде лесно, особено не против Македонија. Верувале или не, Англија на домашен терен никогаш ја нема победено Македонија. Тие ја елиминираа Италија од баражот за СП во Катар. Тука дефинитивно нема простор за потценување, не сакам ни да помислам дека имаме лесна задача“, изјави Саутгејт.
Англија и Македонија досега одиграле четири натпревари, два од нив завршиле без победник, а Англичаните имаат и две победи.
Петтиот меѓусебен дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 19 јуни во Манчестер.