Top Sport

Саутгејт: Со бојкот на СП во Катар ништо нема да се постигне

Англискиот селектор, Герет Саутгејт посочува дека тие нема да го бојкотираат Светското првенство во Катар на крајот на 2022, бидејќи со таков потег нема да се „постигне ништо во компликувана ситуација“.

„Албионот“ го обезбеди пласманот на Мундијалот уште во ноември како првпласирани во својата квалификациска група. Во Англија и во дел од западниот свет има барања репрезентациите да го бојкотираат првенството во Катар поради човековите права во богатата држава на Блискиот Исток, но и поради наводните ужасни услови за работа на имигрантите при изградбата на прекрасните нови стадиони. Саутгејт не се согласува.

„Не знам што би постигнале со бојкот. Тоа би било голема приказна, но турнирот би се оддржал и без нас. Најголемиот проблем, кој не е религиозен и културен, беше тоа што се случуваше при изградбата на стадионите и за жал не можеме да направиме ништо. Знаевме осум години дека ќе патуваме во Катар. Дали ова ќе биде став против Катар како земја? Сите сме поврзани, како што можеме да видиме со Русија, со инвестиции во нашата земја. Компликувано е“, вели Саутгејт.

Scroll to Top