Top Sport

Савание ги „суреди“ Лион

Монпелје им го нанесе првиот пораз на Лион во новата сезона во Лига 1, откако дома успеаја да стигнат до 2:1 победа.

Тежи Савание ги донесе домаќините во водство во 38. минута со удар од белата точка со фантастична „паненка“, пред мечот да се „смени“ кога Хусем Ауар доби црвен картон за еден неспортски потег. Савание во 59. минута го зголеми водството на 2:0, пред Мемфис Депај да намали на 2:1 со нов пенал во 82. минута.

Монпелје се петти на табелата со две победи и 6 поени, додека Лион се на 11. место со 4 поени.

Scroll to Top