Top Sport

До таму стигнаа! Барса нема ниту 30 милиони евра да го купи Депај

Барселона не можат да си приуштат да го купат Мемфис Депај поради катастрофалната финансиска ситуација по пандемијата на корона вирусот, тврди претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола.

Драматичниот „пресврт“ доаѓа по последните шпекулации дека Депај сака да примора трансфер од Лион за да се врати да работи со Роналд Куман, кој до неодамна беше холандски селектор.  Овој трансфер би чинел околу 25 до 30 милиони евра, но Ола вели дека лично претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу му кажал дека не се во состојба да дадат понуда.

„Претседателот на Барса во неделата ми кажа дека тие страдаат од КОВИД-19 кризата и дека не се во можност да направат понуда“, напиша Ола на Твитер.

Неодамна, Бартомеу изјави дека очекува 30 отсто од нивниот буџет да биде намален поради пандемијата со загуби од околу 300 милиони евра. Депај има 46 гола во 103 настапи за Лион откако пристигна од Манчестер јунајтед во 2017 година.

Scroll to Top