Top Sport

Виери: Ако дојде Роналдо, пак ќе гледам Серија А

Легендата на италијанскиот фудбал, Кристијан Виери е возбуден од можноста да го гледа Кристијано Роналдо во Јувентус, велејќи дека најавениот трансфер е како „добивање лотарија“ за италијанскиот фудбал.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Роналдо веќе во сабота ќе пристигне во Торино за да стави потпис на тригодишен договор откако Јуве ќе платат 100 милиони евра за неговите услуги.

„За италијанскиот фудбал тоа ќе биде како да сме добиле на лото. Веќе надвор од Италија не се зборува многу за Серија А, бидејќи ги нема суперѕвездите од минатото. Со Роналдо тоа ќе се смени. Сега, дури и јас ќе бидам позаинтересиран да ја следам домашната лига, бидејќи секоја недела ќе се прашувам што направил Јувентус и колку голови дал Кристијано“, вели Виери.

Scroll to Top