Top Sport

Клоп: Се извинувам што не победуваме како Манчестер сити

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на натпреварот со Фулам, рекол дека неговиот тим е далеку поуспешен од она што многумина мислат. Германецот дополнил дека Ливерпул нема ист третман во јавноста како некои други.

Клоп смета дека неговите играчи, од почетокот на сезоната, лошо одиграле само на два натпревари, односно во поразите од Наполи и Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.

„Ќе добиеме натпревар и потоа мора да се извинуваме бидејќи не сме победиле на начин на кој тоа го прават Манчестер сити. Јас е дека можеме уште повеќе да напредуваме, поради што и не ја гледам причината за ваквите коментари. Мислам дека сме подобри од минатата сезона. Лош впечаток оставивме против Наполи и Црвена ѕвезда“, рекол Клоп.

Ливерпул, в недела, во Премиер лигата ќе го пречека Фулам, екипа што се наоѓа во катастрофална серија на резултати.

„Фулам игра добро. Сити имашр проблем со нив во Купот. Напаѓачите се исклучително потентни. Овој меч ќе биде голем предизвик за нас. Доколку некој од навивачите мисли дека ќе ни биде лесно, тогаш е подобро да остане дома“, заклучил Клоп.

Scroll to Top