Top Sport

Савиќ откри кој стадион е најтежок за играње

Стефан Савиќ (33) е еден од симболите на Атлетико Мадрид во изминатата деценија. Црногорецот во Атлетико пристигна во 2015 година од Фиорентина за 12 милиони евра.

Стефан Савиќ низ кариерата за Атлетико одигра 296 натпревари. Има договор со Атлетико до 2025 година, но како што стојат работите ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Дефанзивецот низ кариерата со Атлетико играше на многу стадиони низ Европа, во едно интервју истакна кое гостување е најтешко.

„Би рекол дека е најтешко да се игра во Билбао. Малкумина го имаат тоа чувство колку е тешко да се игра таму. Нивните навивачи се феноменални и секогаш ни е тешко да играме во Билбао. Тешко е да се игра против Реал и Барса, но што се однесува до самата атмосфера, најтешко е да се игра во Билбао, а во последните години би ја вклучил и Севлјља, каде што исто така атмосферата е жешка“, изјави Савиќ.

Црногорскиот репрезентативец, според „Трансфермаркт“ во моментов вреди три милиони евра. Атлетико нема да му пречи доколку сака да го напушти клубот. Наводно добил конкретна понуда од Саудиска Арабија, претходно се поврзуваше со Бешикташ, а италијанските медиуми тврдат дека интерес за него покажале Фиорентина и Лацио.

Scroll to Top