Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, во емисијата „Корнер“, откри каков совет му дал на својот голем пријател Драган Стојковиќ-Пикси.
Стојковиќ во октомври неславно ја заврши мисијата на клупата на репрезентацијата на Србија. Не успеа да избори пласман на Светското првенство, а по поразот од Албанија во Лесковац си поднесе оставка.
„По нашиот натпревар во Подгорица (квалификации за пласман на ЕУРО 2024), му реков на Пикси да го исфрли Тадиќ од репрезентацијата. Дека ќе ја помине оваа група со нас, Бугарија и Унгарија, но дека нема што да бара со Тадиќ на Европското првенство.“
А, на ЕП, имаше „краток спој“ помеѓу Стојковиќ и Тадиќ, бидејќи капитенот на репрезентацијата остана на клупата против Англија.
„Ќе ви објаснам зошто го кажав тоа. Игравме против Србија пред четири години, загубивме со 2-0, Митровиќ ги постигна двата гола. И во квалификациите за ЕУРО 2024 загубивме со 2-0, овој пат Влаховиќ постигна два гола. Кога ќе ги споредите тие два натпревари, разликата е огромна. Тадиќ нè победи тогаш. Тој беше толку супериорен во однос на сите играчи на теренот. Му ги намести двата гола на Митровиќ, буквално нè скрши. А, четири години подоцна, тоа беше сосема друг играч. По Европското првенство, тој изјави дека е најподготвен играч, што срамна изјава. 35-годишен човек тврди дека е најподготвен покрај Влаховиќ, кој има 24 години“, нагласи Дејан Савиќевиќ.
Foto/ freerangestock
