Црногорскиот фудбалски интернационалец Стефан Савиќ го продолжи догоорот со Атлетико Мадрид за уште 3 сезони, потврдија од клубот. Савиќ на „Ванда Метрополитано“ дојде во 2015 година од Фиорентина, а претходно настапуваше за Манчестер Сити и Партизан.
За „јорганџиите“ одигра 202 меча, освои една титула шампион на Шпанија, еднаш беше освојувач во Лига Европа, а има медал и од Суперкупот на Европа.
„Среќен сум што сум овде, што сум дел од семејството на Атлетико и што добив договор до 2024 година. Откако сум овде, многу напредував, тоа се гледа на теренот. Се натпреваруваме со најдобрите во светот и задоволен сум кога гледам како овој клуб расте. Мене не ми е важно дали сум капитен или не сум. Битно и е тимот да игра добро, да растеме на теренот и надвор од него. Постои некоја хиерархија тука и среќен сум што можам да придонесам“ вели Савиќ.