Најавите на шпанските и италијанските медиуми дека аргентинскиот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез е главната цел на Барселона во текот на ова лето, и за него совет имаше неговиот сонародник и поранешен фудбалер на Барса, Хавиер Савиола.
И покрај шпекулациите дека речиси цел тим на Барселона е на продажба, многумина веруваат дека Мартинез ќе пристигне на „Ноу Камп“ бидејќи се работи за 22-годишен напаѓач, чии најдобри денови треба да се пред него. Савиола за каталонскиот весник „Спорт“ даде интересно мислење.
„Искрено, Лаутаро може да биде многу корисен фудбалер за Барселона, но сите знаеме што значи да се игра помеѓу Суарез, Меси и другите ѕвезди. Не велам дека е невозможно да го покажеш својот талент, но секако, не е лесно да бидеш партнер на Меси“, предупредува Савиола.
Савиола, кој беше во Каталонија од 2001 до 2007 година, вели дека совршен пример за тоа е Пауло Дибала, кој не може да се „навикне“ на партнерството со Меси во аргентинската репрезентација.
„Дибала самиот кажа дека е тешко со Меси и целосно го поддржувам, бидејќи знам колкава концентрација е потребна да се биде на неговото ниво“, додава Савиола.