Атлетико Мадрид, вчера, против Алмерија (2:1) ја забележа 19-та последователна победа на домашен терен.
Последен пат „јорганџиите“ доживеаја пораз на „Метрополитано“ во јануари, од Барселона, последниот бод го освои Хетафе во февруари. Оттогаш тимот на Диего Симеоне има 19 последователни победи во првенството, Купот на кралот и Лигата на шампионите.
Доколку во следниот натпревар, во среда, Атлетико го победи Лацио во шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, ќе го израмни рекордот од 20 последователни победи во сите натпреварувања остварен од мај 2012 до февруари 2013 година на стариот стадион „Висенте Калдерон“, со актуелниот тренер на клупата.
Атлетико против Алмерија за четири минути постигна два гола против Алмерија, а во вториот дел Јан Облак не дозволи „фенерџијата“ да напави изненадување на „Метрополитано“.