Top Sport

Се договорија Баерн и Коман – Францускиот ас ќе го продолжи престојот во Минхен

Кингсли Коман, човекот кој му ја донесе на Баерн, последната титула во Лигата на шампионите, ќе го продолжи престојот во Минхен. Клубот и крилниот напаѓач договориле соработка до јуни 2027 година.

Преговорите кои траеја неколку месеци на крајот заврши со хепиенд. Баерн решија да ги исполнат финансиските барања што пред клубот ги постави менаџерот на францускиот репрезентативец.

Коман ќе добие годишна плата од 17.000.000 евра. Според платата, пред него ќе бидат само сенаторите Роберт Левандовски и Мануел Ноер. Овие двајца годишно заработуваат по 20.000.000 евра.

Баерн во 2017 година го откупија договорот на Коман од Јувентус, откако претходно две сезони играше во Минхен како позајмен играч.

Со Баварците, покрај европската и светската клупска титула, шест пати бил шампион на Германија, три пати го освоил Купот и пет пати Суперкупот.

Scroll to Top