Top Sport

Се договориле Де Лихт и Јувентус, се чека Ајакс

Фудбалерот на Ајакс, Матијас Де Лихт, ги договорил условите со Јувентус и од трансфер во редовите на италијанскиот шампион го дели само договорот помеѓу двата клуба, тврди менаџерот на фудбалерот, Мино Рајола.

„Матија ја заврши својата работа. Договор со Јувентус е постигнат сега сè останува на Ајакс“, рекол контроверзниот менаџер.

На колку години ќе потпише Де Лихт и за колкава плата не е познато. Медиумите во Италија шпекулираат дека станува збор за пет годишен договор што на фудбалерот ќе му донесе 60 милиони евра (12 милиони евра по сезона).

Сите детали околу договорот како и висината на трансферот ќе бидат познати откако двете страни ќе ја официјализираат соработката.

„Де Лихт се надева дека договорот бргу ќе биде постигнат, односно се надева дека клубовите ќе покажат желба за соработка. До тогаш тој ќе тренира со својот сегашен клуб“, заклучил Рајола.

Де Лихт минатата сезона со Ајакс ја освои дуплата круна во Холандија и играше во полу-финалето во Лигата на шампионите. За овој играч покрај Јувентус најголем интерес покажаа ПСЖ и Барселона.

Scroll to Top