Светската фудбалска федерација – ФИФА, во четвртокот ја објави последната ранг-листа на најдобрите светски репрезентации.
Листата е идентична со онаа која ФИФА ја објави на 28 ноември. Македонската фудбалска репрезентација годината ќе ја заврши на 68 позиција. На истата позиција Македонија ја заврши и претходната 2018 година.
Од репрезентациите од просторите на поранешна Југославија најдобро котира Хрватска, која се наоѓа на шестото место. Зад Хрватска се Србија (29), Босна и Херцеговина (49), Словенија (64), Црна Гора (64), Косово (115).
На врвот на листата нема промени прва е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.