Словенечкиот коментарот Андреј Старе кој единствен од сите новинари од хрватското опкружување го изостави Лука Модриќ на листата на 5 најдобри за изборот за Златната топка даде интересно објаснување за неговата одлука.
Додека Србинот и Црногорецот на Модриќ му дадоа најголем број бодови во гласањето за France Football, Старе кој во својата богата кариера имал над 2.000 преноси, Модриќ не го стави ни меѓу 5 најдобри.
„Жал ми е што се врши таков притисок, во овие 27 години колку што сум гласач, секогаш гласав по правилата, по сопствено убедување. Дури трипати бев и награден затоа што ја предвидов најдобрата петорка. Мојот избор беше искрен. Никој не вршеше притисок врз мене“ – вели Старе.
Тој смета дека Роналдо е најдобар, а Азар по него, Меси е трет, па Словенецот Јан Облак на четвртото место и петти е Мбапе.
„Лука Модриќ е одличен играч, го следев уште додека играше за Динамо Загреб и Тотенхем. Сепак, на гласачкото ливче размислував да го ставам Даниел Субашиќ кој по мене беше најзаслужен за победите во лотариските пенали“ – вели Старе.
Словенечкиот коментатор на шега изјавил и дека „фудбалерите се како жени, на секој му се допаѓа некоја друга“.